И З В Е С Т У В А Њ Е за ставање на јавен увид и спроведување јавна расправа по Нацрт-извештај за Стратегиска оцена на животната средина на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год.

Врз основа на члeн 69 став 1 од Закон за животната средина  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005; 81/2005; 24/2007; 159/2008; 83/2009; 48/2010; 124/2010; 51/2011; 123/2012; 93/2013; 187/2013; 42/2014; 44/2015; 129/2015; 192/2015; 39/2016 и 99/2018) како и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11) Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното

И З В Е С Т У В А Њ Е

за ставање на јавен увид и спроведување јавна расправа по Нацрт-извештај за Стратегиска оцена на животната средина на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год.

Се известува јавноста, граѓанските организации и сите засегнати страни дека Министерството за животна средина и просторно планирање го стави на јавен увид нацрт- извештајот на Стратегиска оцена на животната средина на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год. Јавниот увид ќе трае 30 дена од денот на објавување, а нацрт- извештајот на СОЖС е достапен на https://www.moepp.gov.mk/?nastani=%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%83%D0%B2%D0%B8%D0%B4-%D0%B8

Јавната расправа за нацрт- извештајот на Стратегиска оцена на животната средина на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год. ќе се одржи на 09.04.2021 (петок) со почеток во 11 часот, онлајн на следниот линк: https://zoom.us/j/96281956668

Се покануваат сите заинтересирани правни и физички лица да присуствуваат на јавната расправа и/или да достават свое мислење во врска со нацрт- извештајот за СОЖС во рок од 30 дена од денот на објавување на истиот.

Лице за контакт: Теодора О. Грнчаровска, t.grncarovska@moepp.gov.mk,

Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје.

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Подготовка на долгорочна Стратегија и Закон за климатска акција

Нацрт- извештај за СОЖС на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год.