Назив на проектот | Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција |
Референтен број | EuropeAid/139221/IH/SER/MK |
Времетраење | 18 месеци |
Датум на започнување | 15 февруари 2019 |
Датум на завршување | 15 август 2020 |
Главна цел:
Поддршка на земјата корисник во постигнувањето на долгорочните цели за климатска акција: целосна транспозиција/спроведување на европската регулатива, овозможувајќи ниска емисија на јаглероден диоксид и климатска отпорност на земјата корисник.
Цел:
- Да се спроведат потребните анализи за постојната состојба и условите во земјата корисник, да се направи проценка за подготовка на долгорочната стратегија и законот за климатска акција, како и поддршка при усвојувањето и спроведувањето.
- Да се воспостави силна и одржлива рамка за координирање на климатската акција преку развој на националната стратегиска и правна рамка за климатска акција преку долгорочната стратегија и закон за климатска акција (закон), вклучително и акциски план за почетната фаза на спроведување.
- Да се воспостави механизам за мониторинг на емисии на стакленички гасови во согласност со ЕУ Регулативата бр. 525/2013 за механизми за мониторинг и известување за емисии на стакленички гасови и одредбите за нејзино спроведување.
- Да се зајакне административниот капацитет во процесот на пристапување кон Европската Унија за постигнување конкурентна економија со ниска јаглеродна емисија и општество/економија отпорна на климатски промени.
- Да се подигне свеста за климатската акција, да се потпомогнат консултациите со засегнатите страни и да се олесни меѓуминистерската и меѓусекторската соработка за стратегијата и законот.