• Спроведена анализа која вклучува аналитички и технички извештаи за специфични стратешки и правни прашања кои ќе служат како позадински податоци и придонес кон стратегијата и законот. Извештаите треба да бидат концизни, насочени кон креаторите на политиките и да се фокусираат на обезбедување на придонес за стратегијата и законот (индикативна максимална должина на секој извештај 30-50 страни).
  • Изготвен Извештај за проценка на капацитетот, административните и финансиските потреби за спроведување на стратегијата и законот, како и за законските надлежности на владините и извршните тела, со заклучок за стратегијата и законот.
  • Изготвен Извештај за упатства за транспозиција и спроведување на законодавството на ЕУ за клима, со препораки за правната рамка која треба да се воспостави преку законот за климатска акција.
  • Подготвен извештај за ранливоста на земјата во однос на климатските промени, базиран на основа на достапните студии, со идентификација на приоритетните цели за адаптација / климатска отпорност, вклучувајќи ја рамката за истражување и донесување на одлуки, со заклучоци релевантни за политиките кои треба да се вклучат во стратегијата и законот.
  • Подготвена нацрт долгорочна стратегија за климатски акција.
  • Подготвен нацрт текст на законот за климатска акција со подзаконски акти.
  • Подготвени подзаконски акти за транспонирање на ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013 (MMR) и последователните измени и дополнувања, како и подготвен План за спроведување на регулативата.
  • Подготвен нацрт-акциски план за спроведување на почетната фаза на стратегијата и законот.
  • Подготвен План за спроведување и правна рамка за механизмот за следење емисиите на стакленички гасови, во согласност со ЕУ регулативата за механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013
  • Подготвен Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на долгорочната стратегија за климатска акција.
  • Испорачани обуки за поддршка на стратешката и правната рамка за климатска акција.
  • Испорачани активности за подигнување на јавната свест, настани за промоција и активности за консултации со заинтересираните страни.