консултативна работилница

На 14 и 15 ноември 2019 година, во хотелот Александар Палас, Скопје, се одрѓа дводневна консултативна работилница за проценка на административните, техничките и правните прашања кои служат за подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција.

Првиот ден од работилницата беше отворен за пошироката јавност. Отворената сесија овозможи дијалог за тековната административна, техничка и правна состојба во областа на климатските промени во Република Северна Македонија. Исто така, ќе беа истакнати и главните активности на проектот кои треба да и помогнат на Владата на Северна Македонија во транспонирањето и спроведувањето на законодавството и пракстата на ЕУ во областа на климатските активности.

Вториот ден беше отворен само за членовите на Управувачкиот комитет на проектот. Се одржа состанок на техничката работна група за да се испитаат елементите што недостасуваат, а се потребни за да се комплетираат извештаите за проценка, дискутирани за време на последниот состанок на управувачкиот комитет, што се одржа во Скопје, на 4 октомври 2019 година.