Се подготвува Закон и Стратегија за климатска акција / Трет состанок на управувачкиот комитет

All-focus

(27.02.2020г.) Управувачкиот комитет на ИПА Проектот „Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција“ одржа трет состанок, на кој беа презентирани реализираните активности и изготвените извештаи во досегашната фаза на спроведување на проектот. На состанокот се дискутираше за подготвената структура на нацрт законот за климатска акција, за концептот и содржината на долгорочната стратегија за климатска акција, како и натамошните чекори и рокови за реализација на планираните активности.

На состанокот учествуваше и министерот Нуредини, кој ја истакна заложбата на Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на РСМ за третирање на прашањето на климатските промени и потребата од подготовка и донесување на функционален и применлив закон за климатска акција.