Oбука за Нацрт Законот за климатскa акција и Нацрт подзаконските акти

Првиот настан за обука за Нацрт Законот за климатскa акција и Нацрт подзаконските акти подготвени од страна ЕУ финансираниот проект „Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција“ се одржa на 03 декември 2020 година. Настанот се одржa онлајн, на платформата Zoom.

На обуката присуствуваа претставници на релевантни министерства, јавни институции, невладин сектор и други засегнати страни кои се занимаваат со аспекти поврзани со климататски промени и климатска акција.

Целта на оваа обука беше да обезбедат сеопфатни информации за содржината и опфатот на Предлог законот за климатска акција и Предлог подзаконските акти изработени од страна на Проектот,  да се обезбеди преглед на моменталната состојба на транспонирање и имплементација во земјата, како и да се информира за најновите достигнувања на климатската политика на ЕУ. Покрај тоа, обуката обезбеди платформа за дискусија и размена на гледишта за зајакнување на климатските активности во Република Северна Македонија. Добиените повратни информации ќе се користат како основа за понатамошни измени и дополнувања на Нацрт-законските акти од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, како и за прилагодување на резултатите од проектот на околностите на Република Северна Македонија