Консултативна работилница за долгорочната стратегија за климатска акција

Првaта  онлајн консултативна работилница за нацрт долгорочната стратегија за климатска акција, подговена од страна на ЕУ финансираниот проект „Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција“ се одржa на 11 февруари, 2021 година.

На обуката присуствуваа претставници на релевантни министерства, јавни институции, невладин сектор и други засегнати страни кои се занимаваат со аспекти поврзани со климататски промени и климатска акција.

Тимот на проектот, составен од меѓународни и национални стручни лица ги презентираше севкупната визија и целите на нацрт-стратегијата, правниот контекст и политиката за климатските активности, проекциите за емисиите на стакленички гасови, политиките и мерките за адаптација и ублажување, како и трошоците за транзицијата, социо-економските ефекти и понатамошни активности.

Учесниците дискутираа за презентираните материјали и информации во насока на унапредување на нацрт верзијата на стратегијата. Нацрт стратегијата, како и останатите документи подготвени во рамките на проектот, како нацрт-законот за климатска акција, подзаконските акти и останатите поврзани документи ќе бидат предмет на дополнителни измени и јавни консултации од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Измените и консултациите ќе помогнат во прилагодувањето на резултатите од Проектот на околностите во Република Северна Македонија. Усвојувањето и спроведувањето на резултатите ќе зависи од техничката и институционалната подготвеност на земјата.