Работилница за: Овозможувачка рамка за климатска акција – закон, стратегија и акциски план

Онлајн работилницата и обука за Овозможувачката рамка за климатска акција – закон, стратегија и акциски план организрана од тимот на проектот „Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција“ се одржа на 12 март, 2021 година.

На работилницата присуствуваа претставници на релевантни министерства, јавни институции, невладин сектор и други засегнати страни кои се занимаваат со аспекти поврзани со климататски промени и климатска акција.

Тимот на проектот, составен од меѓународни и национални стручни лица ја презентираше взаемноста на нацрт законот за климатска акција, нацрт долгорочната стратегија за климатска акција и нацрт акцискиот план за спроведување на стратегијата и законот, во креирањето на овозможувачка рамка за климатска акција во Република Северна Македонија. Исто така, беа вклучени презентации за актуелните активности во климатската политика на Европската унија, интегрирањето и одобрувањето на климатските политики и финансии.

Учесниците дискутираа за презентираните материјали и информации во насока на унапредување на документи подготвени во рамките на проектот.